Како најдобро да се претставам? Треба да се претставите на Вашиот иден работодавач или пак треба да се претставите на Вашиот потенцијален купувач или имате одреден продажен муабет и сакате да оставете најдобар впечаток кај клиентот. Вие треба да станете ѕвезда во очите на Вашите соговорници.
STAR e акроним од следните зборови:
S – Situation, состојба, поточно краток опис на состојбата
T – Тask, задача која ја реализиравте
A – Actions, акција која што е преземена
R – Results, добиениот резултат
Овие може да се однесуваат на:
-Преземените иницијативи, постигнатите успеси, научените лекции, поточно научените лекции од нереализирани обиди, работење со „тешки„ луѓе и тимската работа.
Луѓето имаат една навика а таа е да ги минимизираат успесите. Прашајте ги Ваште пријатели, родители, колеги…Сетете се на Вашите искуства од било каков спортски натпревар, или искуства од претходното работење….
Еве еден пример:
Состојба (Situation)
-Додека работев во една агенција, имав одговорност за организирање на промоции.
Задача (Task)
-Имав забележано дека посетеноста на промоциите опадна за речиси 25 проценти во минатите 2 години и сакав да ја сменам оваа состојба.
Акција (Action)
-Дизајниравме нов промотивен пакет за локалната заедница, направивме формулар за собирање на повратни информации во врска со направената промоција и разговаравме со вработените на оваа тема.
Резултат (Result)
-Ги искористивме идеите кои што ги имаме добиено од нашите партнери, ја зголемивме ефикасноста на работењето и ја зголемивме посетата на нашите промоции за 18 проценти.
Претставувањето во ваков облик (STAR), дава одлични резултати кај лицата кои го набљудуваат вашето претставување.