Уделот на проблематични кредити во вкупното кредитно портфолио на шпанските банки во септември се зголеми на ново рекордно ниво од 12,7 проценти, од 12,1 проценти кои беа забележани во август, покажуваат податоците на централната банка.
Уделот на проблематични кредити е во постојан пораст бидејќи домаќинствата и малите компании се борат со долгови а банките го намалуваат кредитирањето со цел да го подобрат квалитетот на капитал во пресрет на новите тестови за издржливост.
Шпанската економија излезе од двегодишната рецесија во третиот квартал, иако многу аналитичари и банкари го предвидуваа спротивното.
Лошите кредити во септември се зголемиле за вкупно 6,9 милијарди евра, на 187,8 милијарди евра, додека вкупните кредити се намалиле за 8,9 милијарди евра, на 1,500 милијарди евра, покажуваат податоците.