„Oktopus II Moon“е луксузно изработен часовник кој ја прикажува моменталната состојба на месечината, токму онака како што во моментот ја гледате на небото.
Специјално изработен од титаниум, со црна керамичка маска и сатенска глазура која нуди неверојатна отпорност од гребнатини, „Oktopus II Moon“ е првиот часовник целосно замислен, дизајниран и произведен од Ленде Верделин.
„ Oktopus II Moon“ ја прикажува моментална состојба на месечината, токму онака како што во моментот ја гледате на небото. Како што месечината се движи, така се движат и приказите на месечината на часовникот. Од долната страна на часовникот e изгравиран октоподот, кој е дело на Мортен Линде.
Оваа серија од часовници е лимитирана и содржи 59 парчиња, a во продажба ќе биде во текот на 2013 година по цена од 27.000 швајцарски франци.