Русија ги потврди тврдењата на Украина дека нејзините сили се повлекле два километри зад претходно окупираните позиции во близина на Бахмут.
Руската армија во петокот објави дека се повлекла од претходно окупираните позиции со цел да заземе подобри одбранбени позиции.
Сопственикот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, чии сили во последните месеци се борат за овој украински град, го покани рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да го посети фронтот во Бахмут.
Пригожин тврди дека Русија изгубила пет квадратни километри територија кај Бахмут.