Крутите шефови често патат од речиси параноични потреби за контролирање на секој допис, извештај и се она што е упатено или кон високиот менаџмент или кон екстерните клиенти. Поради стравот од претпоставените и несигурноста многу често ќе инсистираат на пишани и непишани правила во кои тие ќе се чувствуваат сигурно. Од нив не очекувајте стручна помош или совет и подгответе се за долги часови поминати во поправки на своите извештаи.
Па, еве неколку совети за подобар однос со ригидните шефови:
*Работете според нивните правила, колку и да ви се чинат глупави, особено ако тие го ставаат потписот на извештајот.
*Подгответе се за прекувремена работа неколку дена пред важните рокови.
*Документирајте се што работите. Секогаш чувајте копии.
*Не прифаќајте да бидете канцелариски шпион.
*Не влегувајте во конфликти и избегнувајте состаноци.
*Заклучувајте ги фиоките и не се занимавајте со приватни работи на работа (на пр. сурфање на интернет за приватни работи).