„Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред.”, велат од ТАВ Македонија.
Деновиве цел на дојави за бомби се институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти.
Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и училишта во Кавадарци.