Автомобил со мотор од 60 КС и брзиномер кој има “изгравирано” 220 km/h.
Знаеме дека, на пример, стандардниот Volkswagen Up! оди до 160 km/h, а брзиномерот му завршува на 220 km/h. Разликата од 60 km/h не е многу мала. Зошто е тоа така?
Си-Ен-Ен се обиде да одговори на тоа прашање. Изгледа дека производителите на автомобили сакаат да ги стават најкористените брзини на централно и лесно за читање место.
Тоа значи дека тие претпочитаат да поставуваат брзини помеѓу 100 и 130 km/h централно на врвот на бројчаникот, така што бројките се симетрично распоредени. Остатокот од бројчаникот е исполнет со вредности што е невозможно да се постигнат.
Тука има потреба и од престиж, бидејќи да се има брзиномер со 220 km/h на VW Up! сугерира дека овој „автомобил“ може да направи многу повеќе отколку што дозволува неговиот скромен мотор.