30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските испораки на најниско ниво на сите времиња

Руските испораки на најниско ниво на сите времиња

Испораките на руски гас во Европа во август би можеле да паднат на историски најниско ниво, се наведува во извештајот на рускиот центар за развој на енергетиката.

„Испораките на рускиот гас во Европа во август ќе паднат на историски минимум. Испораките од Гаспром може првпат да паднат на помалку од 400 милијарди кубни метри до крајот на годината“, се наведува во извештајот, пренесува ТАСС.

„Газпром“ во јули испорача на Европската унија околу 3,5 милијарди кубни метри гас, што е за 25 отсто помалку во однос на јуни, но ги зголеми приходите, според анализата, пренесува Капитал.

Цената на гасот во Европа во истиот месец во однос на јуни скокна за 60 отсто.

Во извештајот се додава дека цената треба да се зголеми за околу 25 отсто во август за да се компензира новиот пад на испораките преку гасоводот Северен тек.

Центарот не очекува ваков скок на цената на гасот, бидејќи таа е веќе на критично високо ниво за европската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП