Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денес објавија проширено партнерство со кое Aleph станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.
Spotify Advertising го модернизира своето рекламно-технолошко портфолио, ги зајакнува партнерствата и ја продлабочува експертизата на своите тимови со цел да им овозможи на огласувачите полесно купување, креирање, мерење и постигнување конкретни резултати преку Spotify рекламната платформа. Овие напори претставуваат значаен напредок во автоматизираното купување и креативната иновација во рамки на рекламната платформа, како и пошироко во индустријата на дигитален аудио маркетинг. Особено значајно е тоа што Spotify продолжува да ја унапредува својата платформа за самостојно рекламирање – Spotify Ads Manager – со понапредни можности за таргетирање, нови 1P и 3P решенија за мерење, и нови цели базирани на резултати кои им помагаат на огласувачите од сите големини да креираат, оптимизираат и мерат свои кампањи на Spotify, вклучувајќи ги Spotify Pixel, Custom Audiences, клучни партнерства со трети страни и новата цел „Инсталација на апликации“.
Aleph е доверлив партнер на Spotify уште од 2013 година, кога партнерството започна со 4 земји. Новoпотпишаното партнерство ја донесува целосната палета на услуги на Aleph – вклучително и продажба на медиумски простор на локално ниво, решенија за плаќање, креативна поддршка и автоматизација базирана на перформанси – со цел ефикасно монетизирање на рекламниот инвентар на Spotify и поврзување на брендот со огласувачите, поедноставувајќи и проширувајќи ги рекламните решенија на Spotify во 80+ пазари, меѓу кои и Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија, Северна Македонија, Унгарија, Словачка, Словенија, Србија, Хрватска и Чешка.
Тимовите на Aleph ќе имаат пристап до Ads Manager на Spotify за да ги водат огласувачите и агенциите со цел да ја искористат целосната моќ на платформата – од различни рекламни формати до прецизно таргетирање – за да допрат до слушателите во клучни моменти, како вежбање, периоди на фокусирана работа или патување, нудејќи уникатни можности за брендовите да се поврзат со својата целна публика кога таа е најангажирана и да ги исполнат своите маркетинг цели.
Клучните придобивки за огласувачите кои ја користат Spotify Ads Manager преку Aleph вклучуваат:
- Пристап до рекламни формати на Spotify: Огласувачите ќе можат да ги искористат уникатните аудио и видео формати на Spotify за креирање успешни кампањи. Spotify неодамна воведе нови рекламни формати преку Ads Manager, вклучувајќи ги Canvas и Opt-in Video. Овие формати ја реосмислуваат улогата на рекламите на Spotify и начинот на кој огласувачите се поврзуваат со публиката преку звук и слика.
- Купување според целта на кампањата: Ads Manager-от им овозможува на огласувачите да изберат цели како досег, импресии, кликови или видео прегледи за прецизно таргетирани кампањи. Spotify неодамна објави нови цели базирани на резултати за да им помогне на огласувачите да создаваат, оптимизираат и мерат кампањи, вклучувајќи нови цели за инсталација на апликации и зголемување на сообраќај кон веб-страница.
- Ниски трошоци: Флексибилните дневни или вкупни буџети ја прават рекламата на Spotify подостапна и поефикасна благодарение на управувањето со кампањи од страна на Aleph.
„Возбудени сме што партнерството со Spotify сега опфаќа повеќе од 80 пазари,“ изјави Раде Тричковиќ, Регионален директор за Јужна Европа во Aleph. „Нашата заедничка посветеност на иновациите и обезбедувањето извонредна вредност за огласувачите го прави ова партнерство природен чекор кон успешна транзиција.“
Додека продолжуваме да го развиваме нашиот рекламен бизнис, со задоволство ја споделувам веста дека стануваме партнери со Aleph со цел да ги оптимизираме операциите, да понудиме подобри решенија за огласувачите и поефикасно да го прошириме нашиот бизнис. Со лансирањето на нашите поавтоматизирани решенија и исклучителната глобална мрежа и екстензивна локална експертиза на Aleph, сега можеме да им понудиме на огласувачите низ целиот свет нови алатки и ресурси кои ќе им помогнат да ги постигнат своите цели,“ изјави Сем Беван, Глобален раководител na одделот за развој и скалирање во Spotify.
Забелешка за уредниците:
Aleph сега е глобален партнер за продажба на реклами за Spotify во следните земји: Албанија, Алжир, Аргентина, Ерменија, Австрија, Бахреин, Бангладеш, Белорусија, Белгија, Боливија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чиле, Колумбија, Костарика, Хрватска, Кипар, Чешка, Доминиканска Република, Еквадор, Египет, Ел Салвадор, Естонија, Гана, Грција, Гватемала, Хондурас, Хонг Конг, Унгарија, Исланд, Индонезија, Ирска, Израел, Јордан, Казахстан, Кенија, Косово, Кувајт, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Луксембург, Малезија, Мексико, Молдавија, Црна Гора, Мароко, Непал, Никарагва, Нигерија, Северна Македонија, Оман, Пакистан, Панама, Парагвај, Перу, Филипини, Полска, Португалија, Порторико, Катар, Романија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Шри Ланка, Швајцарија, Тајван, Танзанија, Тајланд, Тунис, Турција, Уганда, Украина, Обединети Арапски Емирати, Уругвај, Узбекистан, Виетнам и други.
За Aleph
Aleph е глобална мрежа на дигитални експерти кои воведуваат иновации на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата. Компанијата поврзува 60+ водечки дигитални медиумски платформи (вклучувајќи ги Amazon, Criteo, Google, Meta, Microsoft, Pinterest, Reddit, Snap, Spotify, TikTok, Twitch, Uber, X и други) низ 130+ земји, овозможувајќи им на 26.000 огласувачи да допрат до повеќе од 3 милијарди потрошувачи. Localpayment, финтек подружница на Aleph, ги интегрира медиумските продажби и процесирањето на плаќања во моќно решение за беспрекорно глобално проширување на своите клиенти. Digital Ad Expert е премиум едукативна платформа која нуди сертификации за поединци и решенија по мерка за компании, влади и невладини организации како UNESCO.
За Spotify
Од своето лансирање во 2008 година, Spotify донесе револуција во начинот на слушање музика. Со влезот во подкастингот внесе иновации и донесе нова генерација слушатели во овој медиум. Во 2022 година, Spotify го направи следниот голем чекор – навлезе во брзорастечкиот пазар на аудиокниги – продолжувајќи да ја обликува иднината на аудиото.
Денес, повеќе слушатели од кога било досега можат да откриваат, управуваат и уживаат во повеќе од 100 милиони песни, 7 милиони подкасти и 350.000 аудиокниги по избор на Spotify. Spotify е најпопуларната услуга за аудио стриминг со претплата во светот, со повеќе од 678 милиони корисници, вклучувајќи 268 милиони претплатници во повеќе од 180 пазари.