Уште еден чекор поблиску до Европската интеграција – комуникациската технологија за возови од Капш се користи во повеќе од половина членки на Европската Унија
Капш КариерКом (Kapsch CarrierCom) ќе ја снабдува словенечката комуникациска мрежа за возови со GSM-R технологија на 1200 км возна инфраструктура. Системот за ГСМ-Р технологија ќе биде изграде до 2015 година од страна на конзорциумот што ги вклучува словенечкиот производител на телекомуникациска опрема Искрател и градежната фирма ГХ Холдинг заедно со Капш КариерКом АГ. Договорот вреден вкупно 117 милиони евра е одобрен од словенечкото министерство за инфраструктура.
Конзорциумот се избори за овој договор за изградба на словенечката ГСМ-Р мрежа во тесна тендерска трка. Во соработка со Искрател, единствениот словенечки снабдувач со фиксни делови за ГСМ-Р инфраструктурата (мрежата за испраќање), Капш ќе ја достави целосната технологија за ГСМ-Р инфраструктурата и ќе има обврска да го одржува и сервисира системот во следните пет години.
Ова решение од почеток до крај е сеопфатно и со висока архитектонска изведба, исто така и со извонредна функционалност и достапност. Капш ќе примени високофункционален мрежен подсистем базиран на 3ГПП Релис 4 технологијата како и базно стациониран подсистем. Доставата вклучува модерен централен сервис за контролна точка за имплементација на целосниот сервис како и базна станица за радио врски.
Проектот ќе биде поддржан со средства од Кохезиониот фонд на ЕУ, кој што меѓу другото беше основан со цел да се промовираат трансевропските транспортни мрежи и да се развие железничкиот транспорт.
Зголемување на безбедноста во Европа
Со ЕРТМС – Европски менаџмент систем за железнички сообраќај, Европската Унија создаде стандард кој што гарантира дека прекуграничниот железнички сообраќај се базира на унифициран систем за „контрола, команда и сигнализација“. Основниот концепт на ERTMS е да ги премости поединечните национални решенија и да создаде заеднички стандард за комуникација меѓу возовите за Европа, а со тоа да се заштеди на трошоци и да се подобри безбедноста. Системот се состои од два главни елементи: стандарден сигнален систем (ETCS, Европскиот систем за контрола на возови) и GSM-R-радио технологија.
Сите решенија понудени од Kapsch за железнички комуникации се составени од многу индивидуални елементи – кои се движат од инфраструктурни компоненти па се до завршни уреди. Во меѓународниот железнички превоз, сите овие елементи мора да комуницираат совршено заедно, дури и кога тие доаѓаат од различни производители. Капш веќе обезбеди железнички оператори со GSM-R-технологија во многу европски земји, вклучувајќи ги и 15-те држави-членки на ЕУ. На овој начин, корисниците на железничкиот сообраќај може да бидат сигурни дека железничките безбедносни системи ги исполнуваат највисоките стандарди во националната железничка мрежа, а може да се користи и во меѓународниот транспорт, без никакви дополнителни трошоци.
Kapsch CarrierCom е глобален систем интегратор и снабдувач на сеопфатни телекомуникациски решенија за јавни и железнички оператори, транспортни организации и компании кои сакаат решенија за управување со средства во реално време. Преку обезбедување на целосен пакет на професионални услуги заедно со мисијата и бизнис-критичните телекомуникации, Kapsch CarrierCom е доверлив партнер за клиентите во целиот свет. Стратешките партнерства и силниот фокус на иновации во осум центри за истражување и развој во Европа и Азија, го направија Kapsch CarrierCom специјалист во телекомуникациите на пазарот. Kapsch CarrierCom е дел од Групацијата Kapsch и има седиште во Виена.
За дополнителни информации: www.kapsch.net и www.kapschcarrier.com