Роботот програмиран да игра шах, за време на шах на Отвореното првенство во Москва, му го скршил прстот на момче кое му било противник, јавуваат британските медиуми.
Роботот шахист му го скрши прстот на детето, изјави претседателот на Московската шаховска федерација Сергеј Лазарев за новинската агенција ТАС С по инцидентот што се случи минатата недела.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како роботот го зема прстот на момчето и го крши, а четири лица трчаат да му помогнат.