30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВојната се врти во корист на Путин? Генералот објави: „Русија окупираше речиси...

Војната се врти во корист на Путин? Генералот објави: „Русија окупираше речиси четвртина од Украина“

Се чинеше дека руските сили со месеци неуспешно се обидуваа да ги постигнат своите примарни цели во Украина.

Бевме сведоци на целосно повлекување на руските сили од север и запад по неуспешниот обид да се пробијат до Киев, по што Русите се фокусираа на Донбас на исток, каде што борбите се одолговлекуваа и се чинеше дека ниту една страна нема да успее.

Но, сега руските сили се чини дека земаат замав и војната се врти во корист на Путин, велат аналитичарите.

Пензионираниот британски генерал Ричард Баронс, поранешен командант на британската армија, изјави за „Скај њуз“: „На краток рок, се чини така. Русија досега окупираше нешто помалку од четвртина од Украина“.

„Русите знаат дека Украинците немаат воен капацитет да ги протераат од земјата и чувствуваат дека светот полека се уморува да ги гледа последиците од војната“, додаде тој.

Минатата недела, украинските сили целосно се повлекоа од Северодонецк, еден од двата најголеми преостанати града во источниот регион Луганск кој го контролираше Киев.

„Сега се е прашање на време за Русија“

Русите ги консолидираа своите сили и на југ, но иако Русите таму напредуваа воено, Москва е свесна дека стратешки ја губи војната, тврдат Баронс.

„Русија е целосно изолирана од меѓународната заедница. Нејзината економија ќе падне за дури 15 отсто оваа година“, додаде тој.

„Ако Украина успее да се вооружи и да се опреми, може да ја промени ситуацијата во војната во догледна иднина и да почне да ги протерува руските сили од земјата“, рече Барон, додавајќи: „Затоа сега е прашање на време за Русија.

Пензионираниот британски генерал вели дека освојувањето на Северодонецк е „значајна победа“, но Русите ги очекува жестока битка во соседен Лисичанск. Лисичанск е последниот голем град во Луганск под контрола на украинските сили.

„Русите никогаш не треба да мислат дека ќе напредуваат понатаму во Донбас без да платат многу висока цена, и во однос на луѓе, и во опрема“, рече Барон.

Тие исто така знаат дека нивната способност да го окупираат целиот Донбас ќе биде ограничена поради интензитетот на украинскиот отпор“, заклучил британскиот генерал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП