Тоа беше постигнато благодарение на инсталирањето на нова антена за дигитално емитување. Поставувањето во вторникот траеше само петнаесет минути, колку што му требаше на хеликоптерот да ја спушти и техничарот да ја прицврсти, а со тоа и познатата кула да добие нова висина.
Станува збор за модерна радио антена од системот DAB+, а за да се постави претходно требаше да дадат одобрение од градот Париз, Министерството за култура и париската полициска префектура.
„Челичната дама“, како што милосрдно ја нарекуваат жителите на градот на светлината, дело на Густав Ајфел, беше поставена во 1889 година за Големиот светски саем и беше од привремен карактер, но успеа да опстане и денес е еден од симболите на Париз и Франција.
Првично беше висока 312 метри, а поради јарболот и различните антени претходно се менуваше во 1991, 1994 и 2000 година. Пред ова „продолжение“ беше висока 324 метри.
Гордите Французи велат дека Ајфеловата кула сега е уште поблиску до ѕвездите.