Последниве неколку години имавме можност да видиме повеќе концепти и проекти за возила на Алфа Ромео кои доаѓаа од страна на независни дизајнерски студија и од сериозни креатори на возила како што се „Pininfarina“ или „Carrozzeria Touring“, отколку од самата компанија.
Многу се говореше за лошата финансиска состојба во која се наоѓа овој бренд, но истовремено и за неговата популарност меѓу љубителите на автомобили. Сега ни пристигнува уште една дизајнерска студија од неименува концепт на Алфа Ромео купе.
Инаку станува збор за студија зад која стои студент по дизајн од државниот политехнички универзитет во Санкт Петерсбург, Григориј Барс кој ги помешал модерните и класичните стилски трагови, како на производните, така и на концептните автомобилите на италијанската компанија.