Фудбалерот на италијанскиот национален тим, Марко Верати за уште една година го продолжи договорот со ПСЖ.
Па така Италијанецот ќе остане на „Парк де Принс“ до 2018-та година. 20-годишниот играч беше доведен во редовите на ПСЖ во текот на летото на 2012-та година од Пескара за сума од 11 милиони евра.
Според весникот „L’Equipe“ сега Верати ќе добива 2 милиони евра годишна плата, а во првата година младиот италијански фудбалер добиваше 850.000 евра чиста годишна плата.
Минатата сезона Марко Верати одигра 36 натпревари во дресот на ПСЖ, вклучувајќи и 9 натпревари од Лигата на шампионите.