„PepsiCo Inc“ ја зголеми својата годишна прогноза за приходите во вторникот, бидејќи отворањето на јавните простори, вклучително и театрите и рестораните, по укинувањето на ограничувањата поради пандемијата, ја зголеми побарувачката за нејзините газирани пијалоци и закуски.
Компанијата соопшти дека приходите од секторот за пијалоци во Северна Америка, најголемиот бизнис, пораснале за 7 проценти во третиот квартал, поради двоцифрениот раст на нето приходите од јадење и силната побарувачка за безалкохолниот пијалак „Mountain Dew“.
Приходите од северноамериканската подружница „Frito-Lay“ исто така пораснаа за околу 6% во текот на кварталот, сигнализирајќи дека побарувачката за чипс и солени закуски е сѐ уште силна, иако луѓето веќе трошат помалку време дома.
Сепак, нето профитот без малцинските акции падна за околу 3% до 2,22 милијарди долари, делумно поради повисоките трошоци за дистрибуција, бидејќи компанијата се бореше со зголемените цени на суровините и нарушувањата во глобалните синџири на снабдување.
Нето приходот порасна за 11,6 проценти на 20,19 милијарди долари во кварталот што заврши на 4-ти септември, над проценките на аналитичарите од 19,39 милијарди долари, според „IBES“ на „Refinitiv“.
„PepsiCo“ соопшти дека очекува органските приходи за фискалната 2021-ва година да се зголемат за околу 8%, додека претходната прогноза беше за зголемување од 6%.