30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка одби да му помогне на Ел Салвадор во легализацијата на...

Светска банка одби да му помогне на Ел Салвадор во легализацијата на биткоинот

Ел Салвадор побара помош од Светска банка за имплементација на биткоинот како официјално средство за плаќање, но оваа институција го одби поради влијанието на криптовалутата врз животната средина.

Минатата недела Ел Салвадор одлучи да ги легализира плаќањата со најпознатата крипто валута во светот, за да може да се користи за купување во продавници, но и за плаќање сметки, даноци и сл.

Веднаш по објавувањето на оваа вест, многумина се прашуваа како Ел Салвадор ќе ја спроведе својата намера. Одговорот пристигна брзо – споменатата земја побара помош од Светска банка во врска со технологијата за воведување на криптовалутата во официјалните плаќања, но не ја доби.

Во соопштението на Светската банка се вели дека не може да поддржи нешто што предизвикува еколошки проблеми и не е доволно транспарентно. Поимот за транспарентност во овој контекст е поврзан со загриженоста за употребата на крипто-валутите во нелегални активности како што се перење пари и трговија со дрога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП