Кога ќе се најдете зад воланот на некоја агресивна машина како „Ferrari“, последна работа која може да ви падне на памет е мобилниот телефон.
Сепак, „Vertu“ може да се нарече „Ferrari“ во светот на мобилните телефони, па поради тоа не би требало да чуди што новиот модел е инспириран од автомобилите од Маранело.
Запознајте го „Vertu Ti Ferrari“ за кој инспирација е пронајдено во „F12 Berlinettа“, моментално најмоќното и најбрзо „Ferrari“ достапно на пазарот. Самиот уред има доста стилски елементи кои според изгледот потсетуваат на оние на италијанскиот суперавтомобил. Тоа исто така се гледа и на материјалот кој е користен во неговата изработка, а кој исто така може да се најде во ентериерот на „F12“.
Со телефонот доаѓа и посебна „Ferrari“ апликација преку која може да се најдат информации за сите дилери на „Ferrari“, како и други локации кои се од голема важност доколку возите автомобил на овој италијански бренд. Повеќе информации за телефонот може да пронајдете на интернет страната на компанијата „Vertu“.