30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро 128GB простор за складирaње на смартфоните

Наскоро 128GB простор за складирaње на смартфоните

memorija

Изгледа полека се ближи времето кога повеќе нема да размислуваме за тоа дали ќе купиме верзија на некој уред со 16 или 32GB простор за складирање.

Истата технологија која може да се види кај новите „Intel – Haswell“ процесори, според Самсунг таа би можела да го пронајде свој пат и до флеш меморијата во премиум паметните телефони веќе во 2014-та година.

Компанијата веќе успеа да „нареди“ „24 NAND“ модули еден над друг, што меморијата ја прави побрза и поголема што некогаш е видена на мобилен уред.

„V-NAND“ чиповите почнуваат со 128GB простор за складирање на податоците и можат да одат се до 1 терабајт.

Самсунг веќе ја испратил оваа технологија до производителите на мобилни телефони за да можат да започнат со нејзино тестирање и судејќи според поедини информации, компанијата веќе е подготвена за нивно масовно производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП