Доколку сакаат да го подобрат квалитетот на сперматозоидите, мажите би требало да спијат голи, односно без долна облека…
Според студијата на Националниот институт за здравје и развој на деца, мажите кои носат боксерки во текот на денот, а спијат без долна облека, имаат за 25 проценти помалку ДНК фрагментација во споредба со оние мажи кои носат боксерки и додека спијат.
Во период од 12 месеци е следен квалитетот на спермата кај 500 мажи кои носеле различни видови на долна облека и потврдено е дека оние кои спиеле без долна облека се повеќе плодни.
Мажите кои планираат потомство се советуваат во текот на денот да носат пошироки боксерки, а навечер на спиење да одат без долна облека.