За коктелот „Salvatore’s Legacy“, кој го креираше Салваторе Калабрезе, сопственик на бар во Плејбој клубот во Лондон, се потребни состојки од кои, некои датираат од времето на Француската револуција, а цената на еден ваков коктел е 8.800 долари.
Коктелот содржи четири состојќи: „Clos de Griffier Vieux Cognac“ од 1778 година, ликер „Kummel“ од 1770 година, „Dubb Orange Curacao“ од 1860 година и билен ликер „Angostura“ од 1900 година.
Коктелот се служи единствено во хотелот „Burj Al Arab“ во Дубаи, тој има специфична арома и сладок вкус.
Овој коктел е запишан во Гинисовата книга на рекорди, како најскап коктел во светот.