Позицијата на ѕвездите во моментот на нашето раѓање може да одреди многу во иднина, вклучително и привлекување или одбивање пари.
Додека некои луѓе треба да работат напорно за да заработат одредена сума, некои едноставно привлекуваат пари дури и со мали чекори и процедури во кариерата.
Овен
Луѓето родени во овој знак се си натпреварувачки дух, сакаат да победуваат и погледот секогаш им е насочен кон целта. Тие го сакаат само најдоброто за себе и секогаш прават сè за да им се остварат соништата. Со вакво однесување, тие успеваат да дојдат до пари – и тоа прилично добра сума.
Бик
Биковите сакаат луксуз и луксузен начин на живот и немаат проблем да се обидат да се потрудат за истото. Тие се неуморни во своите напори да постигнат големо богатство и ќе сторат се што е потребно.
Вага
Вагите многу логично и разумно гледаат на животот, имаат многу изразена животна етика и знаат како да ги ценат парите кои доаѓаат по напорната работа и труд. Тие привлекуваат пари работејќи напорно, а одлични се и во штедењето.
Девица
Фокусирани на деталите, Девиците постојано се трудат да бидат најдобри и да работат на себе. Перфекционизмот секогаш ги носи на пат кој води кон успех и богатство.
Шкорпија
Тие не мируваат додека не заврши работата, и бидејќи тие имаат многу високи стандарди во сè – тие ќе работат многу. Нивната страст за работата е како магнет за парите.