Со исхраната дефинитивно може да се влијае на квалитетот на животот. Исхраната на Јапoнците, која докажанo го намалува ризикот од рак е базирана на храна од морско потекло: школки, морски алги и сина риба.
Статистиката говори дека дневниот внес на јод кај Јапонците е дури десетпати поголем од препорачаниот. Резултатот на ваквата исхрана, богата со јод, е многу мала стапка на малигнитет.
Многу студии нагласуваат дека за здравјето на организмот улогата на јодот е огромна. Освен зголемениот ризик од појава на рак на дојка, кај жените кои има недостаток на јод, постои и зголемен ризик од рак на штитната жлезда.
Причина повеќе редовно и во доволни количини да внесуваме јод е и фактот дека не штити од несаканите делувања на бромот, флуорот, живата и оловото. Јодот ги елиминира отровите од нашиот организам.
Јодот има витална улога во настанокот на животот и зачувувањето на здравјето. Тој е основен „градежен“ елемент на хормоните на штитната жлезда и влијае на бројни процеси во организмот и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива. Особено е важен за развојот на мозокот на ембрионот и новороденото бебе.
Многу знаци покажуваат на недостаток на јод во организмот, а највпечатливи се грчевите во мускулите, сувата кожа, слабото паметење, депресијата и многу други.
Направете му на својот организам услуга, обезбедете си доволна количина на јод секој ден. Толку малку, а толку многу – порачуваат експертите.