30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 106 заразени со Ковид - 19, починаа 20 лица

Нови 106 заразени со Ковид – 19, починаа 20 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирање, а регистрирани се 106 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-72, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5 и по еден во Радовиш, Кочани, Берово и Ресен.

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 603 оздравени пациенти од Скопје-230, Куманово-24, Дебар-5, Штип-18, Прилеп-51, Тетово-8, Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-11, Струмица-8, Радовиш-8, Кочани-10, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-7, Берово-4, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-3, Неготино-20 и двајца од Виница.

Починати се 20 лица, четворица пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77 години), еден од Куманово (65), еден од Дебар (68), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81 година), двајца од Битола (84 и 69 години), еден од Охрид (55), еден од Кавадарци (81), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67 години), еден од Крива Паланка (82), еден од Крушево (49), еден од Валандово (64) и двајца од Неготино (66 и 80 години). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.129, бројката на оздравени пациенти е 63.532, на починати е 2.550, а бројот на активни случаи изнесува 18.047. Од вчерашната статистика се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 36.375, активни 10.757

• Куманово 4.775, активни 473

• Дебар 641, активни 114

• Штип 3.316, активни 208

• Прилеп 4.261, активни 462

• Тетово 4.788, активни 810

• Струга 2.062, активни 296

• Велес 2.780, активни 443

• Битола 3.053, активни 485

• Охрид 2.468, активни 463

• Кавадарци 2.163, активни 487

• Гостивар 3.402, активни 506

• Гевгелија 1.177, активни 266 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 202 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2.326, активни 588

• Крива Паланка 635, активни 121

• Радовиш 626, активни 99

• Крушево 167, активни 73

• Кочани 1.609, активни 193

• Пробиштип 450, активни 35

• Демир Хисар 237, активни 35

• Македонски Брод 220, активни 23

• Пехчево 156, активни 25

• Берово 503, активни 46

• Валандово 313, активни 50

• Виница 448, активни 60

• Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 193, активни 12

• Свети Николе 1.043, активни 82

• Кичево 1.578, активни 203

• Ресен 654, активни 140

• Неготино 1.039, активни 286 (165 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 761 теста се преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-45, Биотек-15, МАНУ-54, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода-274, ГАК-30, ЈЗУ (рапид тест)-61, УК Пулмологија со алергологија-4. Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП