30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДедо Мраз заразил речиси 120 лица во ДОМ ЗА СТАРИ

Дедо Мраз заразил речиси 120 лица во ДОМ ЗА СТАРИ

Дедо Мраз, кој посети дом за стари лица во Белгија, зарази 118 лица со коронавирус.

Според локалните медиуми, син на корисник на дом за стари лица во градот Антверпен, во костум на Дедо Мраз, го посетил домот за да ги развесели старите.

Сепак, кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со него, започнале да покажуваат симптоми на инфекција.

Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, инфекцијата е потврдена кај 98 корисници на домот за стари лица и 20 вработени.

Фотографиите направени за време на посетата покажуваат дека голем број луѓе не носеле заштитни маски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП