30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на САД постави нов рекорд во август

Трговскиот дефицит на САД постави нов рекорд во август

Дефицитот на САД во трговијата со стоки се зголеми во август повеќе од очекуваното, поставувајќи нов рекорд бидејќи компаниите се потпираа на надополнување на залихите преку увоз во услови на посилна побарувачка, пренесе „Bloomberg“.

Во август, вкупниот дефицит се искачи на 82,9 милијарди долари од 80,1 милијарда долари во јули, според Министерството за трговија. Просечната проценка на економистите анкетирани од „Bloomberg“ е за дефицит од 81,8 милијарди долари. Увозот порасна за 3,1%, на највисокото ниво во седум месеци, од 201,3 милијарди долари, додека извозот порасна за 2,8%, на 118,3 милијарди долари.

Бидејќи Соединетите држави започнаа да ги укинуваат блокадите поврзани со пандемијата на коронавирусот пред неколку месеци, брзото закрепнување на потрошувачката на потрошувачите во услови на ниски залихи ги охрабри компаниите да увезуваат повеќе стоки, со неодамнешните податоци кои покажуваат зголемен увоз на стока за широка потрошувачка пред американските празници (октомври-декември). Во исто време, слабоста на странските пазари го ограничи снабдувањето на САД кон други земји.

Вкупната вредност на двонасочната трговија со стоки во САД се искачи на 319,6 милијарди долари од 310,5 милијарди долари во јули, но сепак останува под нивото на пред-пандемијата, бидејќи светот продолжува да се опоравува од кризата со коронавирусот.

Зголемувањето на увозот било предизвикано од 7% зголемување на потрошувачката на стока, најголемата категорија во рамките на индикаторот, додека автомобилите, храната и другите добра, исто така, забележале значително зголемување на количините. Испораките на индустриска стока, вклучително и нафтата и нафтените деривати, се намалиле за 4,6% во споредба со претходниот месец.

Во извозот, индустриските материјали и храната забележаа најзначаен раст, додека снабдувањето со капитални добра и автомобили опадна.

Извештајот исто така покажува дека залихите на малопродажни добра се зголемиле за 0,8% во споредба со претходниот месец, при што се забележува второ последователно зголемување. Залихите на големо се зголемиле за 0,5%, забележувајќи го првото зголемување во последните четири месеци, главно како резултат на трајни производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП