На интернет се појави рендер кој делумно го открива изгледот на претстојниот смартфон „OnePlus 8T“.
Првите информации говореа дека „OnePlus“ ќе претстави два модели, „8T“ и „8T Pro“, но последните информации говорат дека „Pro“ верзија нема да има или ќе постои само за одредени пазари.
Како и да е, „OnePlus 8T“ ќе има 6,55-инчен екран со фрекфенција на освежување од 120Hz. Станува збор за рамен екран кој ќе се простира од едниот до другиот раб, a позади има истакнат модул на камерите кој е сличен на оној кај „Samsung Galaxy S20“.
Најверојатно „OnePlus 8T“ ќе го има истиот „Qualcomm Snapdragon 965“ процесор, како и „OnePlus 8“ и покрај тоа што постои подобриот „Snapdragon 865 Plus“.
Уредот ќе биде достапен во две верзии, едната ќе има 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, а другата ќе биде со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија.
Смартфонот ќе има главна камера од 48 MP, ултра широка од 16, макро од 5 и камера за портрет од 2 MP. Напред ќе се наоѓа камера од 32 MP.
Овој паметен телефон ќе има батерија од 4.500 mAh со поддршка од 64W полнење.