УНИБанка за периодот јануари-јуни 2020 година оствари добивка на износ од 131.772 илјади денари.
Вкупните приходи од работење во првата половина од 2020 година изнесуваат 771,5 милиони денари и во однос на минатата година бележат пораст од 7.2%.
Најголемо учество од 73.2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период од 2019 година се зголемени за 9.6%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголемило за 2.2% и достигна ниво од 16,7 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население и соодветно е остварен годишен пораст од 10.1 проценти на приходите од камати на население.
Остварените расходи во првата половина од 2020 година изнесуваат 639,7 милиони денари и бележат пораст од 3.6% во однос на истиот период од 2019 година. Зголемувањето на расходите на банката се должи на расходите за провизии и надомести како и поголемиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.
Финансискиот извештај можете да го видите тука.