Доколку сакате да се чувствувате како член на кралското семејство во прекрасната Венеција, „Gritti Palace Hotel“ е вистинското место за вас…
Ова е место каде историјата и културата се спојуваат со беспрекорно современиот луксуз – овој хотел всушност некогаш бил палата, а неодамна е реставриран со цел да одговори на желбите на оние најпребирливите патници од 21-от век.
Патниците кои ќе се одлучат за овој хотел можат да изберат меѓу 82-те соби и апартмани, кои содржат венецијански антиквитети и Мурано осветлување, како и врвни луксузни погодности како Bang & Olufsen TV сетови, брз интернет и уште многу нешта.
Што се однесува на храната, можеби најдобриот ресторан е Club del Doge, кој ви ја нуди најпрефинетата храна од Венеција, покрај интернационалните омилени јадења. Овој хотел, исто така, има и најголема тераса на покривот во градот, од која е овозможен фантастичен поглед на каналите и прекрасните историски градби.
Совршено лоциран на Grand каналот, овој луксузен хотел е во близина на сите познати атракции во Венеција, како Риалто мостот, плоштадот Свети Марко и Базиликата.