Цените на нафтата скокнаа во вторникот на меѓународните пазари на 41 долари, откако Меѓународната агенција за енергетика (IEA) ги зголеми проценките на побарувачката, а податоците ги потврдија намалените снабдувања од водечките производители.
На лондонскиот пазар барелот се тргуваше со 1,18 долари повисока цена во однос на претходното затварање, од 40,90 долари. Вчера го затвори тргувањето во плус од 99 центи.
На американскиот пазар, цената на барелот порасна 1,08 долари, на 38,20 долари. Вчера го затвори тргувањето во плус од 86 центи.
Пазарите беа охрабрени со индикациите за закрепнување на побарувачката и извештаи за усогласеност со договорот за ограничување на производството.