На земјите членки на Европската унија, вклучително и Британците, како и граѓаните на Шенген зоната, ќе им биде дозволено да влезат во земјата од 15 јуни, одлучи Швајцарскиот Федерален совет, пренесува schengenvisainfo.com.
Граѓаните на Норвешка, Лихтенштајн и Исланд ќе можат да влезат, а како што претходно изјави Швајцарија, ќе го одложи отворањето на границата со Италија.
Швајцарските власти соопштија дека е премногу рано да се укинат граничните контроли со Италија, велејќи дека тие ќе мора да координираат отворање на границите со италијанските власти.
Според соопштението на Швајцарскиот федерален совет, нивната одлука е во согласност со одлуката на многу европски земји, повеќувајќи се на фактот дека и неколку други земји, како Франција и Исланд, истиот ден ќе ги отворат своите граници.
За евентуалното укинување на дополнителните ограничувања за земјите од третиот свет ќе се одлучи подоцна, во консултација со земјите од Шенген зоната.