Со континуирани инвестиции до унапреден квалитет на производи и конкурентност
На надморска висина од околу 600м, во околината на село Славеј, во еколошки чиста средина и сите погодности на почвата и климата се произведува богатата месеста, позната како Куртовска капија. Со својствена блажина, сочна и цврста пулпа, интензивно црвена боја, богата арома, оваа пиперка подолго од половина век е специфична за пелагонискиот регион. Ова е местото каде е создаден брендот Гурмано. Ајвар, пинџур, лутеница, се само дел од деликатесните производи на Кривогаштани Промет, во маркетите познати под брендот Гурмано.
Со историја од скоро 35 години, компанијата првично се специјализирала во дејноста трговија со зеленчук. Сопствено производство на зеленчукови преработки започнало 2013 година, со брзо и смело освојување пазари низ Европа, САД и Австралија. Кривогаштани промет (КП) со години континуирано инвестира во подобрување на квалитетот на производите и конкурентноста.
За скорешните инвестиции на КП, поддржани од ЕБОР и ЕУ Програмата за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија, зборуваме со со-сопственикот и директор на компанијата, Г-нот Горан Цуцулески.
Г-не Цуцулески, КП инвестираше воизградба и пуштање во употреба на фотоволтаичнацентрала. Кажете ни повеќе за проектот?
Г-н Цуцулески: Скоро 35 години работиме на начин каде се обидуваме да го разбереме пазарот, да развиваме„слух“ за барањата на корисниците. Па дури и оние специфичните барања на крајните купувачи. Така,разбираме дека нашите крајни купувачи сѐ повеќе приклонуваат кон еколошки совесни производители, заради што поставивме стратегиска цел за следната инвестиција во користење на соларната во производство на електрична енергија. Впрочем, во изобилство на сончева енергија, со над 280 сончеви денови во годината, сосема природно се наметна инвестиција за производство на електрична енергија од овој обновлив извор.
ЕБОР и ЕУ Програмата за поддршка на конкурентноставо Северна Македонија преку еден од условите заисполнување на барањата на европските регулативи за подобрување во областа на заштитата на животната средина вистински се вклопи на нашите барања. Понатаму, Програмата, покрај сопственото учество,овозможи поголем дел од инвестицијата да бидекредитирана преку ПроКредит банка. Придобивките за КП беа и можноста за бесплатната техничка помош и стекнување грант до 15% по успешната имплементација и верификација на проектот. Бесплатната советодавна помош ни обезбеди сигурност за избор на нај подобна технологија. Грантот од ЕУ природно помогна во финансиската исплатливост на проектот.
Инсталираниот капацитет на фотоволтаични панели изнесува 490.86kWp на кровот од сопствениот производствен објект со што значајно го намалуваме сопствениот СО2 отпечаток и трошоците за електрична енергија. Заштедата на емисија на стакленички гасови е288 тони СО2 годишно и генерира околу 656.12 MWh/годишно електрична енергија.
Од почеток КП ги црпи сите предности на сопствената географска местоположба и вековната колективна меморија за зеленчукови преработки како резултат на моќна синергија на локалниот традиционален македонски производ креиран по домашен рецепт и извонредната суровина во која доминираат вкусовите и аромите на сонцето и почвата. Постојаното инвестирање во технолошки унапредувања е логичен следен чекор за компанијата.
Г-не Цуцулески, КП продолжи да инвестира во зајакнување на конкурентноста, овој пат со набавка на нови машини.
Г-н Цуцулески: Точно. Следната значајна инвестиција постави фокус на набавка на нај современа технологија за производство. Врвниот производ наметнува и врвна технологија. Па, сега работиме со нови машини за лупење пиперки, дупликатор, автоматска машина за полнење тегли, тунелски пастеризатор, со што продолживме да го унапредуваме производството преку автоматизација и дигитализација. За да го зголемиме квалитетот на производите инвестиравме и во систем за третман на водата за производство. Кредитната линија ни овозможи набавка и на машини за преработка на зеленчук од домашен производител на ваква опрема, со што Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП потврди дека и домашните производители ги пресретнуваат строгите европски стандардни за производство на машини.
Инвестицијата финансирана преку Шпаркасе Банка, овозможи понатамошно подобрување на квалитетот на производите и се надоврзува на работењето во согласност со HACCP системот за квалитет и IFS системот воспоставен 2016 година, како гаранција за безбедност на произведена храна. Од извонредно значење е и растот на продуктивноста и ефикасност во производството. А, подобруваме и во областа на безбедност и здравје на вработените. Пресретнување со барањата на ЕУ регулативите ги зголемува извозните можности до европските и светски пазари на КП, како наша стратегиска дестинација. Вкупната инвестиција во сите проекти изнесуваше над 450,000 евра, од кои преку партнерските банки на ЕБОР и ЕУ Програмата за поддршка на конкурентноста се финансирани преку380,000 евра.
Програмата комбинира ЕБОР кредити и грантови финансирани од ЕУ, кои се пласирани за малите бизниси во партнерство со локалните комерцијални банки. Вкупно 47 милиони евра и 322 проекти се пласирани за мали бизниси во Северна Македонија. Повеќето од овие инвестиции се реализирани во производство, транспорт, услуги и малопродажба, производство на храна и повеќе од 60 проценти се лоцирани надвор од главниот град.