30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот сектор за забава губи 160 милијарди долари поради короната

Глобалниот сектор за забава губи 160 милијарди долари поради короната

Глобалниот сектор за забава во текот на наредните пет години ќе изгуби 160 милијарди долари (146 милијарди евра) како резултат на кризата предизвикана од пандемијата COVID-19.

Иако најголемо влијание ќе се почувствува во текот на оваа и следната година, растот ќе се намалува секоја година во текот на петгодишниот прогнозиран период, наведува компанијата Amper, која се занимава со анализа на пазарот, во анализа објавена на својата веб-страница.

Иако огромното мнозинство во секторот за забавна индустрија ќе ги почувствува негативните ефекти од пандемијата, “Amper” ги идентификува најголемите губитници.

„Рекламирањето е најтешко погодено, како и на краток рок така и воопшто, но анализата во секторот за забава покажува дека области како театарот се пропорционално потешко погодени“, наведува компанијата.

Меѓусебната поврзаност на области во индустријата за забава значи дека ефектите во другите области нема да бидат целосно почувствувани во текот на следните неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП