Федералниот буџет на Русија во првата половина од годината оствари суфицит од 306,88 милијарди рубљи (7,3 милијарди евра), што претставува еден процент од БДП.
Според прелиминарната проценка на руското Министерство за финансии, примарниот суфицит достигнал 482,75 милијарди рубљи или 1,5 проценти од БДП, пренесува Фран Прес.
Приходите на федералниот буџет на Русија во периодот од јануари до јуни оваа година достигнаа 6,256 милијарди рубљи, што е 48,6 проценти од вкупните приходи утврдени со законот за буџет.
Буџетските расходи истовремено изнесуваа 5,949 милијарди рубљи, или 44,4 проценти од обемот на законски предвидените расходи од федералниот буџет.