Меѓународната рејтинг агенција „Fitch“ го зголеми долгорочниот рејтинг на Летонија во странска валута од „БББ“, на „БББ+“, а во домашна го потврди нивото од „БББ+“.
Краткорочниот рејтинг е подобрен од „Ф3“ на „Ф2“, а плафонот за рејтингот на земјата од „А“, на највисокиот „ААА“.
Како што соопшти „Fitch“, рејтингот е зголемен во врска со вчерашаната одлука на министрите за финансии на еврозоната за приемот на Летонија во валутната унија од 1 јануари 2014 година.
Прогнозата за долгорочниот рејтинг е стабилна што сведочи за малата веројатност дека во догледна иднина ќе се промени проценката за кредитната способност, пренесува Франс Прес.
Воведувањето на еврото во целина ќе ја подобри економската политика и ќе ја зголеми економската доверба. Економијата на Летонија е тесно поврзана со ЕУ преку трговијата, инвестициите и големиот удел на северноевропските банки во финансискиот сектор на земјата, наведува „Fitch“. Таа исто така ја покажува потребната флексибилност да се избори со земјотресите во монетарната унија.