Граѓаните на Европската унија најмногу го користат интернетот за електронска пошта, информации за стоки и услуги, испраќање кратки пораки, читање на онлајн информации и списанија…
Во 2019 година, 87 проценти од граѓаните на Европската унија користеле интернет на возраст помеѓу 16 и 74 години, објави Eurostat.
Најмногу интернет користеле во Шведска – 98 проценти од населението, а најмалку во Бугарија – 68 проценти.
Скоро секој петти корисник продава стоки и услуги на интернет.
Рапиден раст од 2007 година
За учествување на социјалните мрежи, 57 проценти од граѓаните на ЕУ користат интернет, а потоа следи барање информации за здравје, слушање музика, телефонирање или видео повици.
За онлајн учење заинтересиран е помалку од секој четврти корисник на интернет во ЕУ, додека 30 проценти на мрежата преземаат и споделуваат содржини кои сами ги создале.
Употребата на интернет во ЕУ рапидно расте од 2007 година, кога го користеле 57 проценти од граѓаните, и во 2013 година, кога три четвртини користеле интернет.