3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor`s го намали кредитниот рејтинг на Италија

Standard & Poor`s го намали кредитниот рејтинг на Италија

standard1

Агенцијата „Standard & Poor`s“ вчера го намали кредитниот рејтинг на Италија за едно ниво, од „БББ+“, на „БББ“, поради загриженоста дека земјата ќе потклекне под притисокот на исцрпувачката рецесија.

„Намалувањето на рејтингот ја одразува нашата проценка за натамошното влошување на изгледите на италијанската економија, кое ќе се надоврзе на десетгодишниот пад на реалниот БДП за просечни 0,04 проценти годишно“, се наведува во соопштението.

Агенцијата воедно ја измени и прогнозата за италијанскиот БДП во оваа година и сега очекува негов изразен пад, по стапка од 1,9 проценти, во однос на 1,4 проценти кои беа прогнозирани во март.

Прогнозата за новиот рејтинг е негативна, што значи дека „Standard & Poor`s“ не ја исклучува можноста за дополнително намалување.

„Прогнозата за долгорочниот рејтинг на Италија е негативна, сигнализирајќи ја нашата оценка дека шансите за негово дополнително намалување во 2013 или 2014 година се еден спрема три“, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП