Велика Британија ја претстави новата паричка, монета од 50 пени која означува заминување на Лондон од ЕУ.
„Напуштањето на ЕУ претставува пресвртна точка во нашата историја и оваа монета претставува почеток на ново поглавје за Британија“, изјави министерот за финансии, Саид Џавид.
На монетата е испишено „Мир, просперитет и пријателство со сите земји“ и датумот на Брегзит – 31 јануари 2020 година.
Околу три милиони монети ќе бидат дистрибуирани од банки, пошти и продавници почнувајќи од петок, 31 јануари, додека уште седум милиони ќе бидат пуштени во оптек подоцна оваа година.
По повеќе од три години жестока дебата и прашања кога и дали да се спроведе Брегзит, Британија ја напушта ЕУ на 31 јануари оваа година.