Првиот телефон со екран на преклоп кој се појави на светскиот пазар Samsung Galaxy Fold, го помина патот од првото прикажување во февруари и првите најави за продажба, преку повлекување за доработка поради некои недостатоци, до конечното лансирање во септември.
Од тогаш до денес, Samsung успеа да ја надмине бројката од милион продадени уреди.
Тоа, во денешно време можеби не звучи како голема бројка, но не треба да се заборави дека во прашање е првиот уред од таков вид кој започна цела нова категорија на производи.
Исто така, станува збор за прилично скап телефон, кој се продава по цена од 1.980 долари.
И покрај сето ова, милион луѓе решија да го купат овој до некаде експериментален паметен телефон, што само може да значи дека во иднина ќе можеме да очекуваме повеќе вакви телефони од различни производители.
Samsung од продажбата на овој модел за само три месеци заработи околу 2 милијарди долари, што воопшто не е за потценување.
За својот „преклопник“ Samsung има големи планови, па очекува во 2020 година да продаде шест милиони Galaxy Fold телефони.