30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПо 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

Официјално е најавено четврто продолжение од култната научно-фантастична трилогија „Матрикс“ во кое ќе биде вклучен најголем дел од тимот кој работеше и на претходните три филма. Според холивудските медиуми, од продукцијата „Ворнер Борс“ веќе потврдиле дека Кеану Ривс и Кери-Ен Мос се подготвени да ги повторат своите улоги како Нео и Тринити, додека Лана Вашовски ќе го напише и режира филмот.

„Премногу сме возбудени што повторно ќе влеземе во матриксот со Лана“, изјави претседателот на „Ворнер Брос пикчр груп“, Тоби Емерих.

„Лана е вистински визионер – единствен и уникатен креативен режисер – и ние сме воодушевени што таа го пишува, режира и продуцира ова ново поглавје во универзумот ‘Матрикс’“, додал тој во изјавата која ја пренесе IGN.

Трилогијата „Матрикс“ е креирана од Лана и нејзината сестра Лили Вашовски (кои пред промената на полот беа браќата Лери и Енди), а првиот филм беше вистински хит во кино-салите пред точно 20 години во 1999 година.

Филмот брзо стана феномен, па во 2003 следуваа и две продолженија, „Матрикс рилоудед“ и „Матрикс револушнс“ (напишани и режирани од дуото Вашовски), како и еден засебен анимиран филм насловен „Аниматрикс“.

„Многу идеи што Лили и јас ги истражувавме пред 20 години за нашата реалност како човештво сега се уште порелевантни. Многу сум среќена што ги враќам овие ликови во мојот живот и сум благодарна за шансата одново да работам со моите брилијантни пријатели“, нагласува Лана Вашовски во кратката пишана изјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП