Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека британците сакаат политичарите да го извршат Брегзит и се незадоволни што досега не им е загарантиран излез од ЕУ.
На прашањето дали сака избори по 31 октомври за да се осигура дека парламентот не може да го спречи Брегзит, Џонсон одговори дека британската јавност е заситена со избори и други предизборни настани.
– Тие сакаат Брегзит да дојде на 31 октомври. Никогаш не се уморувам да повторам дека тоа и ќе го направиме. Тогаш излегуваме од ЕУ. Тоа е она за што Британците гласаа, истакна Џонсон.
Британскиот премиер смета дека Британците не се задоволни бидејќи три години откако политичарите дадоа упатства што да прават и повеќе ветувања од парламентот, сè уште нема Брегзит.
Тој изјави дека членовите на британскиот парламент, кои мислат дека можат да го блокираат Брегзит, се вклучени во ”ужасна” соработка со ЕУ.