30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската индустрија предупредува: Ќе снема храна во случај на Брегзит без договор

Британската индустрија предупредува: Ќе снема храна во случај на Брегзит без договор

Британската индустрија за храна и пијалоци ја повика владата да се откаже од некои аспекти на законот за конкуренција во случај на нерегулиран Брегзит.

Со тоа ќе им овозможи на снабдувачите и трговците да ги координираат испораките на храна низ целата земја.

Федерацијата за храна и пијалоци (FDF) повеќе пати побара од министрите објаснување за начинот на кој оваа индустрија може да одговори ако Велика Британија на 31 октомври ја напушти Европската унија без никаков договор, што потенцијално би можело да ги наруши пристигнувањата на свежа храна.

”Во случај нарушување поради излез без договор, ако владата сака синџирите за снабдување со храна заедно да работат на решавање на веројатните недостатоци и да одлучи за тоа кои места ќе бидат приоритетни за пратките – мора да ја продолжи “‘челичната“ пишана гаранција дека законот за конкуренција нема строго да се применува во такви разговори“, изјави главниот оперативен директор на FDF, Тим Рајкрофт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП