30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа во 2018 година вложила 27 милијарди евра во ветерници

Европа во 2018 година вложила 27 милијарди евра во ветерници

Европа во 2018 година вложила 27 милијарди евра во нови ветерници со што ќе се финансира рекордна количина на нови капацитети за производство на енергија од ветер, покажува последниот годишен извештај на WindEurope.

Вложениот износ е сличен на оној во претходните години, но благодарение на намалените трошоци особено offshore ветерници (крајбрежни), ќе финансираат рекордни 16,7 гигавати(GW) на нови капацитети. Денес еден мегават(MW) нов капацитет onshore ветерница на земја бара 1,4 милиони евра капитални расходи додека во 2015 година тоа било два милиони евра. Од друга страна, 1MW нови offshore ветерници бараат 2,5 милиони евра инвестиции, во споредба со 4,5 милиони евра колку што било во 2015 година.

Најголем дел од новите капацитети кои се објавени минатата година се однесуваат на onshore ветерници: 12,5 GW (offshore електрана 4,2 GW).

Во извештајот се истакнува дека северна и западна Европа сеуште се одговорни за повеќето нови инвестиции, Велика Британија била најголем инвеститор, главно во offshore ветерници, а одма после неа е Шведска. Инвестициите во средна и источна Европа изнесувале само четири проценти од вкупниот износ. Дополнителни 24,1 милијарда евра се инвестирани во стекнување на ветерници, вклучително и проекти за развој и компании вклучени во индустријата за ветер, што е многу повеќе отколку во претходните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП