Потрошувачите од 18 јули на Amazon.cn наместо понудите на кинеските трговци, ќе можат да ја видат понудата на глобалната понуда на Amazon, пренесува BBC. Американскиот гигант Amazon го намалува обемот на работа во Кина, најавувајќи затворање на интернет трговијата која тешко држела чекор со конкурентите како што се Alilbaba и JD.com.
Amazon планира до средината на јули да ја затвори платформата за малопродажба во Кина за да се фокусира на профитабилната продажба на странски производи и облак услугите.
Amazon.cn настана врз основа на трговијата со книги во Кина, музика и видеа Joyo.com, кој Amazon ги купи во 2004 година за 75 милиони долари и го промени своето име во 2007 година.
Повлекувањето од кинескиот пазар, втората економија во светот, временски се совпадна со големите амазонски инвестиции во Индија. Од Amazon објавија дека ќе инвестираат 5,5 милијарди долари во интернет трговијата во таа земја.
Конкуренција во Индија ќе им биде локалната компанија Flipkart, која минатата година покренала хинду верзија на својaта мобилна веб страницa и апликација за паметни телефони за да привлечат милиони нови корисници во таа земја.