2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина купува 300 авиони од "Ербас"

Кина купува 300 авиони од “Ербас”

Франција и Кина потпишаа 15 деловни договори во вредност од повеќе од една милијарда евра, се вели во соопштението на француското претседателство.

Договорите беа потпишани во присуство на претседателите на двете земји, Емануел Макрон и Си Џинпинг.

Меѓу нив е и договорот за набавка на 300 авиони од “Ербас”.

Вредноста на кинеската нарачка е околу 30 милијарди евра, додава Ројтерс, повикувајки се на неименуван официјален претставник од француското претседателство.

Потпишани се договори во областа на енергетиката, прехранбената индустрија, транспортот и другите сектори, како и билатерални договори.

Претседателот на Кина пристигна во државна посета на Франција по Италија и Мароко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП