Британскиот кредитор „Standard Chartered PLC“ изјави дека има намера да ги намали своите трошоци со 700 милиони долари и да се раздели со единиците и бизнисите со слаб поврат, како дел од својата тригодишна стратегија за стимулирање на растот и удвојување на исплатата на дивиденди, соопштува „Ројтерс“.
Банката планира да постигне враќање на капиталот од најмалку 10% до 2021-ва година во однос на 5,1% за 2018-та година и има намера да им обезбеди на акционерите вишок капитал, кој не бил користен за финансирање на растот.
Растот на профитот и продажбата мора да го генерираат овој вишок на капитал, велат од „Standard Chartered“, додавајќи дека планот вклучува и продажба на бизниси со послаб поврат.
„Ние ќе го постигнеме тоа преку фокусирање на областите во кои имаме посебена предност преку отстранување на причините за слаб поврат и стимулирање на иновацијата и продуктивноста“, изјави главниот извршен директор на банката, Бил Винтерс.
Банката соопшти дека цели да го подобри својот поврат во реонот на Азија, особено Индија, Јужна Кореја, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Индонезија.
„Standard Chartered“ додаде уште дека нејзиниот 45-процентен удел во индонезиската банка „PT Bank Permata Tbk“ најверојатно ќе биде продаден поради високите трошоци и слабиот профит, како предметната партиција е оценета на приближно 835 милиони долари.
Акциите на британскиот кредитор поевтинија со повеќе од 40% од инаугурацијата на Винтерс во јуни 2015-та година, поранешен банкар на американската „JPMorgan Chase“, а во текот на изминатата година нејзините вредност кои се тргуваат на Лондонската берза, забележаа пад од 22%.