Кristian Ulrich го претстави новиот андроид телефон кој има дури три дисплеја…
Овој aндроид има таков дизајн што нема ни да го почуствувате во вашиот џеп, а има три флексибилни AMOLED екрани осетливи на допир. „Flip Phonе“ се разликува од другите смартфони по интеракцијата помеѓу физичкиот дел на телефонот и тоа што се прикажува на екранот.
Овој „Flip Phonе“, кој беше дизајниран од страна на Кristian Ulrich Larsen може да го промени својот изглед и форма. Се отвара како шатор, па се враќа во нормалната форма како вообичаените телефони, со еден дисплеј, а може дури и да се трансформира во форма на мала книга или лаптоп.
Погледнете го дизајнот на овој неверојатен андроид телефон.