Одлично е чувството кога знаете дека компанијата во која работите се грижи за вас, не само на професионално, туку и на лично ниво.
Доколку секое утро се будите со мислата дека не сакате да одите на работата која ја мразите, можеби е време за промена. Постојат многу компании кои се трудат да ги поддржат своите вработени.
Ви претставуваме три работи кои секоја компанија би требало да им ги обезбеди на своите работници:
Работно опкружување полно со поддршка
Успешните компании се грижат за вработените. Корпоративната култура е полна со поддршка и ги охрабрува работниците да го исполнат својот потенцијал. Овозможувајќи им професионален развој на вработените преку, на пример, менторска програма, компанијата создава работно опкружување поради кое талентите и најперспективните работници се задржуваат во компанијата.
Лидерски потенцијал
Сакате да ги покажете своите лидерски способности, но не можете бидејќи сте ограничени со моменталната улога на работното место? Дури и ако не сте дел од менаџментот, би требало да можете да ги пробате своите лидерски вештини.
Разновидност и инклузивност
Секоја компанија би требало да ги прифати индивидуалните и уникатни таленти на вработените и да ги охрабри тие професионално да се изградат.