30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзраел ќе гради гасовод до Грција, Кипар и Италија

Израел ќе гради гасовод до Грција, Кипар и Италија

Израел постигна договор со Грција, Кипар и Италија да изгради гасовод за 6 милијарди евра, по кој да испорачува гас на овие три земји. Ова беше објавено од страна на израелското радио, цитирано од светските агенции.

Изградбата на гасоводот по план треба да заврши во 2025-та година според прогнозите на министерот за енергетика Јувал Шајниц. Четирите земји се очекува да го потпишат договорот за проектот на почетокот од февруари.

„Принципиелниот договор беше постигнат година, откако излегоа позитивни заклучоци од студијата за сигурноста на проектот на ЕУ“, додаде Шајниц.

Гасоводот со должина 2.100 км, кој ќе помине по дното на Средоземното Море, ќе чини 6 милијарди евра или 6,8 милијарди долари според првичните студии.

Учеството на други земји во проектот е можно, ако сите четири страни се согласуваат прецизира израелскиот министер за енергија. ЕУ ќе обезбеди 70 милиони евра за студијата за сигурноста на проектот и за проектирањето.

„Ако се оди според планот, очекуваме Израел да стане еден од снабдувачите на енергија на Европа во 2024-та/2025-та година“, посочи Шајниц, нагласувајќи го големото економско и политичко значење на договорот.

Министрите за енергетика на Израел, Кипар и Грција и италијанскиот амбасадор во Кипар потпишаа меморандум за разбирање за плановите во Никозија пред година во присуство на комесарот за енергија и климата Мигел Ариас Канете, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП