Германија во првата половина годинава успеа да ги намали долговите за 46,5 милијарди евра, благодарение на економскиот раст, зголемените приходи од данокот и намалувањето на каматните стапки за долгови, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Вкупниот долг на германската држава сега изнесува една билијарда и 934 милијарди евра.
Весникот констатира дека долгот е намален на сите нивоа на јавниот буџет и дека тоа го покажуваат податоците на статистичкото биро.